Давид Луиз со нож му се заканувал на Клајверт за да го пушти во Челси!?

by
2 минути читање

„Сините“ цело
лето се поврзуваа со ангажман на нов централен дефанзивец, и на големо
изненадување на крајот од преодниот рок го купија Давид Луиз.

Медиумите од
Франција сега пренесуваат повеќе детали од зделката, и како се создале услови
за враќање на дефанзивецот на Стемфорд Бриџ само две години откако Челси го продаде на ПСЖ за фантастични 50 милиони фунти.

Бразилецот бил
бесен на тренерот Унаи Емери што го повлекол од игра на дуелот со Монако по еден час игра, па
побарал да биде продаден.

Давид Луиз толку
многу сакал да замине од Паркот на Принцовите, па дури и со нож му се заканил на
Патрик Клајверт, кој штотуку бил именуван за нов спортски директор.

„Клајверт немаше
избор, Давид Луиз му стави нож под грклан
– вели извор близок до управата на ПСЖ за Л’Екип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани