Гвардиола на неколку пати ги покажа фрустрациите од лошиот старт на сезоната, за него најлош во кариерата. Стратегот виде дека е потешко да се биде тренер во Англија отколку на гигант во Шпанија и Германија, но нема намера да се откаже.
Тој во Манчестер Сити дојде потпишувајќи три годишен договор со клубот. Но веќе се зборува за нов.
Според „Сан“, Пеп им кажал на сопствениците дека го гледа Манчестер Сити како долг проект и сака да остане во клубот уште најмалку пет години.
Но, од друга страна се шпекулира дека Гвардиола може да добие дури и отказ доколку не успее да обезбеди учество во Лигата на шампионите. Во моментов Манчестер Сити е петти со 12 бодови зад лидерот Челси.
Сепак тоа е малку веројатна варијанта, според негови пријатели тој е среќен во Манчестер, неговата сопруга и деца одлично се привикнуваат на животот во овој град и сите посакуваат негов долг престој во клубот.