Вардар и Шкендија загубија на првите пријателски натпревари во Анталија

by
1 минути читање

Вардар и Шкендија кои се борат за трофеите во македонското првенство се подготвуваат во Анталија, а од денеска почнаа и со одигрување на пријателски натпревари.

Вардар имаше дуел со Стеауа Букурешт која ја оправда фаворитската улога и го доби мечот со 1-0.

Единствениот гол на мечот беше дело на Јаколис во 60. минута. Стеауа беше подобар противник и создаде повеќе шанси за гол, а имаше и статива.

Шкендија загуби со 2-1 од азербејџанскиот тим Габала. Противникот водеше со 2-0, а во самиот финиш од мечот Шкендија преку Чолак успеа да постигне почесен гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани