Џака доби директен црвен картон на мечот помеѓу Арсенал и Барнли во неделата поради кој може да заработи суспензија и до четири натпревари.
Но проблемите за него продолжуваат и надвор од фудбалот.Тој е обвинет за расистички навреди кон персонал на аеродромот Хитроу во Лондон.
Што се случило? Џака испраќал пријател кој требало да летне за Германија, но задоцнил, завршил приемот на патници по што фудбалерот бесно почнал да се расправа со персоналот.
Фудбалерот на Арсенал на расна основа навредувал дел од персоналот по што морало да реагира обезбедувањето. Била повикана полиција која го привела и го однела во полициска станица во Западен Лондон.
Во станицата Џака ги негирал обвинувањата дека расистички навредувал луѓе вработени на аеродромот. Полицијата го потврдила случајот.