117
Палармо ќе добие
нов предводник откако Еугенио Корини утрово ги известил лидерите дека си
заминува.
Подолго време се
говореше дека се ниша неговото столче, но наместо да чека отказ од Маурицио
Ѕампарини, стратегот си поднел оставка.
„Одлуката ја
донесов со совест, ме боли тоа што поднесов отказ но ми се чини дека тоа е фер
и логичен потег во овој момент” – рече Еугенио Корини на заминување од стадионот Ренцо Барбера.
Се говори дека
Маурицио Ѕампарини сега се обидува да го врати Давиде Балардини, кој на
почетокот од сезоната беше на кормилото на Палермо.