133
Горан Пандев и
Џенова го завршија настапот во Купот на Италија, вечерва Лацио со 4-2 славеше
на Олимпико.
Капитенот на
Македонија пред крајот на првиот дел погоди против својот поранешен клуб и ја
врати Џенова во игра, но тоа не беше доволно за поволен резултат.
Домаќините со
головите на Ѓорѓевиќ и Хоед имаа солидна предност од 2-0 по половина час игра,
но со погодоците на Пинила и Пандев, на пауза се замина со резултат 2-2.
Сепак, во вториот
дел Лацио погоди уште два пати. Милинковиќ Савиќ стрелаше прецизно во 70.
минута за 3-2 а Имобиле пет минути подоцна ги постави конечните 4-2.
Lazio vs. Genoa 4-2 – All Goals & Highlights HD… by gashieliesaa