949
На денешниот состанок во Цирих, раководството на ФИФА изгласа проширување на Светското првенство. Мундијалот во 2026 година ќе добие нов формат, ќе се зголему бројот на учесници за дури 16 повеќе од сега.
Во првата фаза од мундијалот ќе има 16 групи со по три репрезентации. Првите две од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата.
Бројот на натпреварите ќе се зголеми од 64 на 80, но шампионот пак ќе има само седум натпревари. Светското првенство ќе трае 32 дена.
Ова е прва зголемување на бројот на учесници на Светското првенство од 1998 година.
„Нема ништо поважно за развојот на фудбалот во една земја од учество на Светско првенство“ – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.