Касемиро откри каква порака добил од Тони Крос во 4 часот наутро

by
1 минути читање

Касемиро поладнево се збогува со Реал Мадрид на церемонија која беше организирана во тренинг центарот на „кралевите“.

Бразилецот потоа се појави на прес конференција пред новинарите и одговараше на прашања. Едно беше за начинот на кој им ги соопштил вестите на Тони Крос и Лука Модриќ, неговите колеги од средниот ред.

„Ми беше тешко исто како кога разговарав со претседателот. Тони ми пиша порака во 4 часот наутро и ме праша дали има вистина во гласините. Му одговорив, „Тони, сега е 4 часот наутро, ако тебе не ти се спие, на другите им се спие, оставиме да спијам““ – раскажува Касемиро.

„Да можам, Лука и Тони би ги однел секаде со мене. Ми се допаднаа коментарите на Анчелоти за Бермудски триаголник. Лука и Тони пред се ми се пријатели, а потоа соиграчи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×