Чуден трансфер, Барселона му го дава Умтити на Лече за беспари и плус ќе му ја плаќа платата

by
1 минути читање

Барселона долго време се обидува да се ослободи од Умтити, но тој никако не сака да си замине од Камп Ноу поради огромната плата која ја добива, 20 милиони евра по сезона.

И покрај тоа што на Барселона ѝ требаат пари за да ги регистрира сите фудбалери, тие го праќаат Умтити на позајмица од која нема да добијат ништо.

Лече на крајот од сезоната може само да плати некој бонус во зависност од перформансите на Умтти.

Додека тој е на позајмица во Лече, Барселона во целост ќе продолжи да му ја исплаќа платата.

Според „Спорт“, тој утре треба да биде во Лече да го комплетира трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×