Мурињо испрати порака за Вајналдум и застана во одбрана на Феликс: Фудбалот понекогаш може да биде сра*е (ФОТО)

by
1 минути читање

Вајналдум заработи скршеница на десната нога за време на тренинг на Рома и ќе го пропушти првиот дел од сезоната. Се предвидува дека ќе се врати по Светското првенство.

„Понекогаш фудбалот може да биде срање. За само две недели Џини стана еден од нас поради неговите човечки квалитети (фудбалските квалитети веќе ги знаеме). За жал, во несреќен инцидент заработи лоша повреда која подолго време ќе го одалечи од тренингот. Но не е само фудбалот срање понекогаш, и луѓето исто може да бидат… Оние кои ги иницираа гласините дека топ дете како Феликс може да биде одговорно за тоа што се случи се вистински ѓубриња. Ајде да бидеме сите заедно вечерва, играме за Рома, за Вајналдум и за Феликс“, напиша Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×