Откако беше договорен трансферот на Касемиро, се говореше дека Манчестер јунајтед тргнал по Бразилецот само бидејќи првата желба на Ерик тен Хаг, Френки де Јонг не се преселил на Олд Трафорд.
Но последните информации велат дека тренерот на „ѓаволите“ не се откажува од идејата да гo ангажира својот сонародник и сака да ги спои Касемиро и Френки де Јонг на средината од теренот.
Телеграф пренесува дека Ерик тен Хаг го убедил раководството на Манчестер јунајтед да обезбеди екстра пари и во последните денови од преодниот рок да тргне во нова офанзива по потписот на Френки де Јонг.
Се очекува претставници на Манчестер јунајтед оваа недела да пристигнат во Барселона со цел да се најде решение за трансферот.