Познати се првите прогнози за тоа колку време Вајналдум ќе биде отсутен од теренот

by
1 минути читање

Вајналдум со голем ентузијазам пристигна во Рома, но неговиот престој почна кошмарно. На тренинг при дуел со Феликс заработил скршеница на десната потколеница.

Се верува дека поради оваа повреда ќе го пропушти и Светското првенство во Катар иако има некои минимални шанси за настап, но реалните се дека нема да се опорави на време.

Тој денеска ќе одлучи како ќе ја лекува скршеницата, дали на традиционален начин само со гипс или ќе му биде извршена операција која би го забрзала процесот на рехабилитација за околу еден месец.

Се прогнозира дека тој 2-3 месеци би бил надвор од теренот, а тоа значи дека би се вратил во дресот на Рома откако ќе заврши Светското првенство во Катар.

Мурињо би го имал за целиот втор дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×