Барселона има 10 дена да го регистрира Кунде, за тоа им се потребни 20 милиони евра

by
1 минути читање

Жил Кунде не беше
во составот на Барселона за синоќешното гостување во Сан Себастијан, и по две
недели од трансферот вреден 50+ милиони евра, дефанзивецот се уште не може да
дебитира во дресот на „каталонците“.

По победата над
Реал Сосиедад, Чави призна дека е загрижен поради ситуацијата на Жил Кунде и
изрази надеж дека ќе го има на располагање за следното коло и дуелот против Ваљадолид.

Како што
пренесува АС, Барселона треба да ослободи 20 милиони евра за да може да го регистрира
Жил Кунде, „каталонците“ работат на пет зделки, но никако да пристигне абер дека
некој играч заминува.

Се чинеше дека
Мемфис Депај е најблиски до трансфер и преселба во Јувентус, но во последен момент се искомпликува
зделката и во моментов е на „стенд-бај“.

Се водат
преговори со Челси за трансфер на Пјер Емерик Обамејанг, Самуел Умтити има
понуда од Лече, Мартин Брајтвајт се поврзува со Мајорка, додека пак неколку
клубови пројавуваат интерес за услугите на Сержињо Дест.

Барселона сега
има 10 дена да најде решение, па Жоан Лапорта и неговите соработници ќе имаат
полни раце работа до крајот на месецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×