Касемиро е пред дилема, дали да продолжи во Реал Мадрид или да почне нов предизвик во Премиерлигата. Тоа што го мами е двојно поголемата плата која му ја нуди Манчестер јунајтед.
Манчестер јунајтед се уште нема доставено официјална понуда до Реал Мадрид, тоа ќе зависи од Касемиро, ако тој се сложи за преселба на Олд Трафорд, ќе почнат преговорите меѓу двата клуба. Се шпекулира дека нивната понуда ќе биде околу 50-60 милиони евра
Карло Анчелоти сака Касемиро да остане, тој е еден од клучните игрчи на тимот, но и Италијанецот и клубот оставиле на фудбалерот да каже дали сака да остане или да си замине.
Манчестер јунајтед сака да го има Касемиро до сабота, а тоа значи дека денешниот ден треба да биде клучен, денеска веројатно ќе се знае иднината на Бразилецот, дали ќе остане на Бернабеу или ќе се пресели на Олд Трафорд.