240
Според Џанлука Ди Марцио од „Скај Спорт Италија“, Андреа Белоти одбил две големи понуди во изминатите денови.
Едната е од Вулвс, а другата е од Галатасарај, и двата клуба му нудат побогати договори од тоа што му го нуди Рома, но тој сака да игра за волчицата од Рим.
Турскиот гигант му нуди договор со 4,5 милиони евра годишна плата плус бонус за потпис на договорот.
Се шпекулира дека понудата на Рома е околу 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Тоа е речиси двојно помалку.
Но, Белоти очигледно не го интересираат парите, сака трансфер во Рома и се надева дека тоа брзо ќе се случи.
Рома гледа да се ослободи од дел од своите офанзивни фудбалери пред да потпише со Белоти.