Арсенал го купи Габриел Жесус за 45 милиони фунти, а тој се покажува како фантастично засилување за топчиите.
За разлика од Манчестер Сити, Артета му ја довери улогата на централен напаѓач, а тоа се чини посебно му се допадна на Жесус.
„После се бев ставен да играм по крило во Манчестер Сити и во репрезентацијата. По Светското првенство дури и мислев дека веќе не можам да играм како деветка. Но се променив, сега имам повеќе самодоверба и повторно се смејам додека играм фудбал“, вели Жесус.
„Тоа што можам да играм на повеќе позиции е благослов, но јас сум деветка. Тука сум да ги завршувам шансите но и да му помогнам на тимот. Долго во главата ми стоеше тоа дека веќе не сум за деветка, дека сум само крило. Сега повторно сум тоа што некогаш бев. Не сум робот каков што бев таму“.