Тен Хаг ќе го седне Мегваер на клупа за мечот со Ливерпул?

by
1 минути читање

Мегваер одигра комплетни 90 минути на натпреварите против Брајтон и Брентфорд на кои Манчестер јунајтед прими вкупно шест голови.

Тој често е предмет на исмејување на социјалните мрежи поради неговите несигурни игри. Голем дел од навивачите сметаат дека тој не заслужува ниту да биде во составот, а не да биде капитен на тимот.

„Манчестер ивнинг њуз“ од извор од соблекувалната на клубот дознава дека Тен Хаг против Ливерпул планира да стартува со Мартинез и Рафаел Варан во стартниот тим, а Мегваер да го остави на клупата.

Тој сметал дека Мартинез и Варан повеќе ќе одговараат за тактиката за одбрана против Ливерпул.

Дали тоа навистина ќе се случи, нема да знаеме со сигурност до објавувањето на официјалните составот во понеделник пред почетокот на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Интересно досега ниту еден од двата тима нема победа по првите две кола, Манчестер јунајтед има два порази, а Ливерпул две нерешени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×