Роналдо открива, имал тетратка во која забележува кој медиум што пишува за него

by
1 минути читање

Тој вели дека во интервју кое веројатно треба да се случи по крајот на преодниот рок ќе ја каже вистината, а тоа што се пишува за него во најголем број од случаите е лага.

„Ќе ја дознаете вистината кога ќе дадам интервју за неколку недели. Медиумите кажуваат лаги. Имам тетратка и во последните неколку месеци од 100 вести кои ги имам запишано, само 5 беа точни“, напиша Роналдо во коментар на инстаграм.

Последните гласини за Роналдо велат дека Манчестер јунајтед ќе ја отвори вратата за негово заминување. Остануваат уште две недели до крајот на преодниот рок, па ако си оди од Олд Трафорд, тоа ќе биде наскоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×