Кејлор Навас стана дел од преговорите меѓу ПСЖ и Наполи за Фабијан Руиз

by
0 минути читање

Наполи посакува да ангажира елитен голман ова лето, а сега во преговорите со ПСЖ им се создава шанса да се случи тоа.

Веќе извесно време ПСЖ и Наполи преговараат за трансфер на Фабијан Руиз кој на крајот би требало да има позитивен исход.

Наполи барал околу 30 милиони евра за Руиз, додедка последната понуда на ПСЖ била 20 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

Фабрицио Романо информира дека во новата рунда преговори е вклучен и Кејлор Навас, а тоа може да се покаже како клучно за реализација на трансферот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани