910
Манчестер јунајтед и Јувентус лесно се догорија за обесштетувањето, но проблем е платата која ја договара Рабио со англискиот клуб.
Преговорите ги води Вероника Рабиот, мајката и агент на фудбалерот, а очигледно таа повеќе си го цени синот отколку што е неговата реална вредност.
Преговорите запнаа при договарањето на личните услови на фудбалерот, барањата од таборот на Рабио се поголеми од тоа што Манчестер јунајтед го нуди.
Се верува дека Рабио сака преку 10 милиони евра годишно, плус бонуси.
Во наредните денови ќе се знае дали двете страни ќе најдат компромис или Рабио нема да се пресели на Олд Трафорд.