72
Алексис Санчез
доби одврзани раце да потпише со Марсеј, напаѓачот во придружба на својот агент
попладнево пристигна во канцелариите на Интер за да ја прекине соработката со
„нероаѕурите“.
Неколку часа
подоцна, клубот од „Џузепе Меаца“ со официјално соопштение потврди дека
договорот на Чилеанецот е раскинат на взаемна согласност.
Детали не беа
открини, медиумите изминативе денови пишуваа дека Интер ќе му плати 5 милиони
евра на Алексис Санчез.
Сега само прашање
на време е кога ќе пристигне официјална потврда за неговиот потпис со Марсеј,
се говори дека зделката ќе биде комплетирана до крајот на неделата.