Рабио заврши со шест конци на главата по судир со соиграч (ФОТО)

by
1 минути читање

Рабио цело лето
се поврзува со заминување од Јувентус, кога неговите соиграчи беа на турнеја во
САД, тој беше оставен да тренира со составот до 23 години.

Но, се уште е во
тимот, а вчера беше и дел од натпреварот против Атлетико Мадрид кој го доби
шпанскиот клуб со 4-0.

Рабио во игра
влезе во второто полувреме, но на теренот беше само 25 минути кога се судри со
соиграчот Бремер.

По натпреварот
Рабио објави стори на инстаграм и напиша дека заработил шест конци на главата.
Се заблагодари и на пораките за поддршка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани