118
Тимот на Жозе Мурињо играше надмоќно во текот на сите 90 минути, иако ова е само пријателски натпревар, оваа победа може да влијае на самодовербата на почетокот од новата сезона.
Резултатот го отвори Пелегрини во 19. минута по една фантастина акција во која учествуваа и Дибала, Заниоло и Абрахам.
На 2-0 зголеми Манчини во 40. минута, а пред крајот на првиот дел Рома поведе и со 3-0 благодарение на автогол на играч на Шахтар.
Четвртиот гол на мечот беше дело на Заниоло кој го посигна по асистенција од Ел Шарави. Точка на мечот стави младиот Бове на три минути до крајот.