183
Во изминатите години Гудисон парк стана тежок терен за Челси, пред денешниот дуел последен пат таму имаа триумфирано во 2017 година.
Единствениот гол се случи длабоко во судиското продолжение од првото полувреме кога Жоржињо погоди од пенал за 1-0.
Во составот на Челси дебитираа и новите засилувања Стерлинг и Кулибали, а во игра во текот на вториот дел влезе и Кукуреља.