Барселона сака да
го продаде Френки де Јонг ова лето, Холанѓанецот ќе донесе солидна сума во касата
(околу 80-85 милиони евра), плус ќе отвори голем простор во сметката за плати
(околу 40 милиони евра).
Манчестер
јунајтед е клубот кој најсериозно загриза за неговиот потпис, но никако да
падне договор за трансфер.
Според пишувањата
на Мундо Депортиво, Френки де Јонг и понатаму одбива да се пресели на Олд
Трафорд, весникот пишува дека Холанѓанецот не е привлечен од град како
Манчестер и клуб кој нема да игра во Лигата на шампионите.
Тој ќе размисли
за заминување доколку има понуда од клубови како Челси и Баерн, му се допаѓаат
градовите (Лондон и Минхен), настапуваат во Лигата на шампиони и имаат состави со
кои можат да се борат за титули.
Во меѓувреме,
весникот Спорт пишува дека Френки де Јонг нема да преговара за заминување се
додека не се реши прашањето за платата од која се откажа во време на ковид-19
кризата (околу 20 милиони евра).