Патникот во следното коло ќе се решава во Софија, денешниот дуел меѓу Македонија ЃП и ЦСКА заврши без голови.
Македонскиот тим беше комплетно рамноправен во првото полувреме, ЦСКА Софија во ниту еден период од тој дел не покажа дека е поквалитетен тим.
Но судијата Ван Дриеше во судиското продолжение од првото полувреме престрого му покажа втор жолт картон на Матеус Ламос и го остави тимот на Македонија Ѓорче Петров со играч помалку. Од тв снимката можеше да се види дека стартот беше неопасен, судијата не го ни виде, но потпадна под глумата на гостинскиот стопер кој се превртуваше и викаше.
Во вториот дел ЦСКА Софија се трудеше да ја искористи предноста од играч повеќе, тие напаѓаа, а Македонија Ѓорче Петров се бранеше и од време на време се обидуваше преку контра напади да го загрози гостинскиот гол.
Македонскиот тим издржа, не прими гол, а во 94. минута имаше одлична шанса да победи, но Филип Мишевски од слободен удар биеше за малку непрецизно.