Лапорта: Челси и ПСЖ му нудеа повеќе пари на Левандовски, но тој сакаше да дојде кај нас

by
1 минути читање

Барселона успеа во мисијата да го ангажира Роберт Левандовски иако на моменти тоа изгледаше невозможно.

Откако заврши таа сага и полскиот напаѓач стана фудбалер на Барса, Лапорта откри дека воделе битка и со други клубови кои нуделе повеќе, но желбата на Лева на крајот била пресудна.

„Се тркавме со ПСЖ и Челси за Левандовски, но тој сакаше да дојде само кај нас и мораме да му бидеме благодарни бидејќи кај нас добва помалку пари“, откри Лапорта.

„Откако го добивме Левандовски, сега се насочуваме да ја засилиме дефанзивата“.

Левандовски кажа дека тој го напушта Баерн Минхен единствено за Барселона и не му се важни парите, важно му е само да си го исполни сонот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×