2,9K
Жозе Мурињо полека креира тим за високи дострели со Рома. По освоениот трофеј во Конференциската лига, во новата сезона целите ќе бидат пласман во топ 4, но можеби и напад на пехарот во Лига Европа.
Рома ја доби трката по Пауло Дибала, но добра вест за навивачите на римскиот клуб денеска е и дека Николо Заниоло ќе остане.
Според „Спорт Медиасет“, Заниоло имал состанок со Жозе Мурињо по кој решил дека неговата иднина сепак е на Олимпико, а не во тимот на Јувентус.
Се очекува наскоро Заниоло да потпише и нов договор со Рома.