137
Златан Ибрахимовиќ нема намера да оди во пензија, напаѓачот денеска ја продолжи соработката со Милан.
Од таборот на „росонерите“ попладнево брифираа дека Швеѓанецот ставил потпис на нов договор со трајност до јуни 2023 година.
Новата соработка медиумите ја најавуваа подолго време, со оглед на тоа дека Златан Ибрахимовиќ е повреден и ќе се врати на терените на стартот од следната година, за основната плата се пишуваше дека ќе биде „минимална“ или „симболична“.
Но сумата од 1,5 милиони евра која ќе му биде загарантирана на напаѓачот сигурно е сон на голем број фудбалери.
Златан Ибрахимовиќ исто така ќе добие и бонуси во зависност од бројот на натпревари, голови и успеси на Милан.