539
„Ѓаволите“ влегоа во битка со Арсенал за ангажман на Лисандро Мартинез во прв момент се говореше дека ќе бидат доволни 50 милиони евра за услугите на Аргентинецот, на Ајакс го искористи интересот на лутите ривали и се избори за зделка од 57 милиони евра, која со бонуси може да се искачи на 67 милиони евра.
Се шпекулира дека луѓето во Манчестер јунајтед задолжени за ангажман на играчи преферирале да биде купен Пау Торес од Виљареал, но Ерик тен Хаг инсистирал на ангажман на Лисандро Мартинез.
Лисандро Мартинез беше човек од доверба на Ерик тен Хаг во Амстердам но останува да се види како Аргентинецот ќе се снајде на „островото“, со 175 цм, тој ќе биде најнискиот централен дефанзивец во Премиерлигата.