64
Џанлука Ди Марцио е еден од најголемите италијански новинари и кога тој ќе објави нешто, може да се смета за официјално.
Тој твитна дека Пауло Дибала е нов фудбалер на Рома, што значи дека само прашање на време е кога ќе стигне потврда и од римскиот клуб.
Дибала ќе добие тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра која со бонуси може да стигне до 6 милиони евра.
Тоти веројатно ќе му ја даде десетката на Дибала која беше пензионирана.
.@PauDybala_JR is a new @OfficialASRoma player @SkySportNews @SkySport @SkySports
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 18, 2022