Газдата на Торино: Ако Шкрињар вреди 70 милиони евра, тогаш Бремер вреди повеќе

by
1 минути читање

Бразилецот важи за еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и со своите добри партии го привлече вниманието на многу клубови.

Се шпекулира дека Интер е главен фаворит за потписот на Глејсон Бремер, но пред да почнат преговори со Торино, „нероаѕурите“ треба да се ослободат од Милан Шкрињар.

Исто така, проблем е тоа што Торино постави цена од 40 милиони евра, сума која Интер смета дека е малку висока.

Сепак, „биковите“ имаат друго размислување и газдата Урбано Каиро денес изјави: „Желсон е прекрасен човек, му кажав дека ќе го продадам кога ќе пристигне соодветна понуда“.

„Но се е релативно. Кога слушам дека Шкрињар ќе биде продаден за 70 милиони евра, сметам дека Бремер вреди повеќе од бројките кои кружат низ медиумите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани