Рафиња и поставил ултиматум на Барселона: Имате 48 часа да ме ангажирате, потоа преговарам со Челси

by
1 минути читање

Челси и Лидс
постигнаа договор за трансфер на Рафиња вреден околу 60 милиони фунти, но
Бразилецот не сака да седне на маса со „сините“ и преферира кариерата да ја
продолжи во Барселона.

„Каталонците“
имаат финансиски проблеми па потешко пронаоѓаат договор со Лидс, но последните
информации велат дека Жоан Лапорта и неговите соработници ќе мора да побрзаат
доколку сакаат да го ангажираат Бразилецот.

Наводно Деко и
Рафиња и поставиле ултиматум на Барселона и клубот од Камп Ноу има 48 часа за
да го договори трансферот.

Доколку ништо не
се случи, Бразилецот ќе почне преговори со Челси за личните услови и преселба
на Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани