Барса почна со продажба на имотот, еве што им носи првата зделка

by
1 минути читање

„Каталонците“
почнаа со продажба на имотот за да ја подобрат финансиската состојба, попладнево
беше објавено дека е постигнат договор со „Сикс Стрит“.

Како што брифираат
од Камп Ноу, зделката ќе генерира капитална добивка од 267 милиони евра во
сегашната сезона.

„Сикс Стрит“ во
прв момент ќе инвестира 207,5 милиони евра а за возврат ќе добие 10% од ТВ
правата во Ла Лига за следните 25 години.

Барселона се
надева дека од продажба на имотот ќе прибере околу 700 милиони евра, пари со
кои драстично ќе си ја подобри состојбата. Жоан Лапорта доби зелено светло да
продаде до 25% од ТВ правата во Лига Лига, како и до 49,9% од компанијата
„Барса Лајсенсинг & Мерчендајзинг” (БЛМ)
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×