Историја: Македонскиот селектор на САД, Андоновски даде дозвола да настапи фудбалерка со хендикеп! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Карсон Пикет е родена со хендикеп на левата рака. Но тоа не и пречеше да одигра цел меч против Колумбија и да даде допринос за победа на САД од 2-0.

Чувството да се биде различен е нешто низ кое минувам цел живот. Овој месец е навистина посебен, важен и треба да се слави“, изјави Пикет по мечот.

Таа кажа и дека како мала носела дуксери со долги ракави за да ја сокрие раката.

Удел во овој историски ден има македонскиот тренер Влатко Андоновски кој е селектор на САД, токму тој и даде шанса на Пикет да настапи на мечот.

„Карсон тренираше добро во изминатите денови и среќен сум што одигра добри 90 минути“, изјави Андоновски по мечот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×