Елмас побарал гаранција од Наполи дека повеќе ќе игра, во спротивно ќе сака да замине

by
0 минути читање

Елмас минатата сезона настапи на 46 натпревари за Наполи, што е импресивна бројка, но на најголемиот дел од нив влегуваше како замена во последниот половина час од мечот. Нашиот фудбалер постигна седум гола.

Македонскиот репрезентативец сака да има позначајна улога во тимот, а не само да биде резерва која често влегува во игра.

Според „Кориере дел Мецоџирно“, Елмас побарал гаранција од Наполи дека во новата сезона ќе има поголема минутажа на теренот.

Во спротивно ќе побара да биде продаден или позајмен во клуб каде ќе може да настапува повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×