Нејмар добил изненадувачка понуда, одговорил дека нема вистина во шпекулациите

by
0 минути читање

Изминативе денови
често имаше гласини дека ПСЖ решил да го продаде Нејмар и веќе го известил
напаѓачот дека треба да си бара клуб.

Според УОЛ, од
таборот на Сантош по ваквите шпекулации веднаш стапиле во контакт со таткото на
Нејмар за да се распрашаат дали постои можност за напаѓачот да се врати дома.

Сепак, тие добиле
одговор дека нема вистина во гласините и Нејмар останува во ПСЖ. УОЛ додава
дека и самиот играч на блиските пријатели им демантирал дека е ставен на
продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×