Жозе Мурињо нема
да се врати на Камп Ноу, Рома реши да се повлече од „Гампер“ трофејот и
пријателскиот натпревар против Барселона.
Натпреварот беше
соопштен на 15. јуни, но две недели подоцна, „волчицата“ се правда дека мора да
ги промени плановите за пријателските натпревари со цел најдобро да се подготви
за почетокот на сезоната.
Барселона веќе
почна да продава билети, сега треба да им враќа пари на навивачите, па
„каталонците“ се бесни на одлуката на Рома и се закануваат со тужба.
Клубот ќе
направи напор да најде нов ривал за „Гампер“ трофејот кој беше закажан на 6. август, но со оглед на тоа дека големите клубови веќе ги имаат испланирано своите
активности, ќе биде прилично тешко да се договори натпревар против звучно име.