177
Роберт
Левандовски во неколку наврати изјави дека сака да го напушти Баерн Минхен ова
лето, напаѓачот планира кариерата да ја продолжи во Шпанија, во редовите на
Барселона.
Се верува дека
„баварците“ одбиле две понуди, и наскоро ќе пристигне трета. Остануда да се
види дали и кога двата клуба ќе си подадат рака, а според Чезари Кухарски една
од причините за промена на средината е желбата на Полјакот да покаже дека е
подобар напаѓач од Карим Бензема.
„Сака да покаже
дека е подобар напаѓач од Бензема. Тоа е една од причините поради кои сака да
потпише за Барселона“ – вели Кухарски.