223
Роберт
Левандовски е цел број 1 на Барселона, самиот Полјак потврди дека не разгледува други
понуди освен таа на „каталонците“ и веќе почнал да учи шпански.
Но клубот од Камп
Ноу има финасиски проблеми, во моментов не може да го ангажира напаѓачот и тоа
остава простор за многу шпекулации.
Синоќа Л’Екип пренесе
дека ПСЖ сака да го донесе Роберт Левандовски во своите редови, а денеска, Сан објави
дека и Манчестер јунајтед се приклучува во трката.
„Ѓаволите“ ја
следат ситуацијата и доколку на Роберт Левандовски му поропадне трансферот од
сонишната во Барселона, ќе му понудат да заигра покрај Кристијано Роналдо на
Олд Трафорд.