Бугарите не сакаат одложување на мечот со Грузија, ќе играат за Тодор Неделев

by
0 минути читање

Бугарските фудбалери имаа непријатен инцидент во Тбилиси кога автобусите им се судрија. Најдебелиот крај го извлече играчот Тодор Неделев кој доби серизни повреди на главата по кои мораше итно да биде опериран.

Тој е во стабилна состојба, а неговите соиграчи сакаат да играат за него, не бараат одложување на мечот.

„Сакаме да играме, не бараме одложување. Ќе играме за нашиот Тодор кој за среќа е во стабилна состојба во болница“, велат од таборот на Бугарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×