Рома почна преговори со Мертенс, Мурињо сака да има искусен фудбалер во секоја линија

by
1 минути читање

Иднината на Мертенс е нејасна, гласините велат дека Наполи ќе го напуштат неколку искусни фудбалери, ќе се случи реновирање на тимот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Рома почнале разговори со Мертенс.

Од таборот на Мертенс побарале едногодишен договор со плата од 2,4 милиони евра плус 1,6 милиони евра бонус за потпис и 800.000 евра за провизија за агентите.

Планот на Мурињо е да има искусен фудбалер во секоја линија за следната сезона. 35-годишниот фудбалер би бил таков играч во офанзивата.

Во средниот ред тоа би бил Немања Матиќ, во одбраната Крис Смолинг, а на голманската позиција е Руи Патрисио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×