Барса и Манчестер јунајтед блиску до договор за Де Јонг, поставен е краен рок за трансфер

by
1 минути читање

Клучни денови за
иднината на Френки де Јонг, како што пренесува Спорт, Манчестер јунајтед силно
притиска за потписот на Холанѓанецот. „Ѓаволите“ и Барселона се многу блиску до
договор за трансфер вреден околу 80 милиони евра.

Потешката задача е
Френки де Јонг да каже „ДА“, фудбалерот од средниот ред преферира да остане на
Камп Ноу и покрај тоа што Манчестер јунајтед му нуди повеќе пари, како и да
биде лидер на новиот проект. Но тој полека почнува да се предомислува поради
тоа што Барса не прави напор да го задржи, и нема ништо против да го продаде.

Спорт исто така
додава дека Манчестер јунајтед поставил краен рок за комплетирање на зделката и
до средината на јуни чека разврска. „Ѓаволите“ имаат други алтернативи како
Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×