Официјално: Ридигер е нов фудбалер на Реал Мадрид

by
1 минути читање

Она што подолго
време се најавуваше, попладнево и официјално е потврдено, Антонио Ридигер се
сели во Реал Мадрид.

Дефанзивецот не
успеа да пронајде согласност со Челси за продолжување на соработката, разгледуваше
понуди од неколку клубови за на крајот да го одбере Реал Мадрид.

Денеска Челси
беше првиот кој официјално го потврди трансферот, „сините“ се збогуваат со
Германецот, му се заблагодарија за сè што направил до сега и му посакаа среќа во
новата авантура во Реал Мадрид.

„Кралевите“ потоа
се огласија и соопштија дека договориле четиригодишна соработка со Антонио
Ридигер, кој ќе биде промовиран како ново засилување на 20. јуни.

На крајот и
самиот Антонио Ридигер се огласи и на социјалните мрежи напиша: „Горд сум што
можам да соопштам дека се селам во Реал Мадрид. Возбуден сум поради
предизвиците кои се пред мене и со нетрпение го чекам првиот натпревар за овој
огромен клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×