176
19 годишниот
Пабло Торе важи за еден од најталентираните играчи во својата генерација во
Шпанија, па изминативе месеци Барселона и Реал Мадрид влегоа во битка за неговите
услуги.
„Каталонците“ на
крајот стигнаа до потписот на фудбалерот и со Расинг Сантандер договорија
трансфер од 5 милиони евра, кој со бонуси може да се искачи и до 20 милиони
евра.
„Разговарав со
Реал Мадрид, ми понудија повеќе пари но мојот сон беше да играм и да успеам во
Барселона. Парите во моментов не ме интересираат, поважно ми е да играм на Камп
Ноу, плус и спортскиот проект кој ми го понуди Барса беше подобар“ – вели Пабло Торе.