165
Златан Ибрахимовиќ направи операција на предни вкрстени лигаменти на коленото и нема да може да игра најмалку 6-7 месеци.
Се очекуваше дека по ова тој ќе стави крај на кариерата со оглед на тоа дека има 40 години, но Швеѓанецот изгледа нема намера да се повлече.
„Ми кажаа дека Златан Ибрахимовиќ нема намера да се пензионира ова лето. Нема да биде проблем да најдеме договор со него“, вели Малдини.
Тој потврди дека преговорите со Дивок Ориги се одвиваат добро и се очекува тој наскоро да стане фудбалер на Милан.
„Во преговори сме со Ориги и тие се одвиваат многу добро“, рече Малдини.