Популарните
„вилани“ не трошат многу време кога е во прашање склопување на тимот за новата
сезона.
Како прва одлука,
Филипе Кутињо беше задржан и постигнат договор со Барселона за перманентен трансфер
на Бразилецот. Астон Вила потоа успеа да ја доби битката за потписот на Бубакар
Камара од Марсеј, а сега е потврдено и третото засилување.
Тимот предводен
од Стивен Џерард соопшти дека начелно е постигнат договор за трансфер на Диего
Карлос од Севиља.
Бразилецот важи
за еден од подобрите дефанзивци во Шпанија и има откупна клаузула од 80 милиони
евра. Во моментов нема потврда за сумата која ќе биде платена.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.