Вечерва во Тирана, Рома и Феенорд играат во финалето од Конференциската лига. Римската волчица е благ фаворит, но холандскиот тим е многу потрофеен клуб кога станува збор за европските успеси.
Жозе Мурињо е последниот тренер кој освои европско натпреварување со италијански тим. Тоа беше во 2010 година кога со Интер ќе освои Лигата на шампионите.
Отогаш поминаа 12 години, Јувентус имаше најдобри резултати во Европа, двапати беше во финалето од Лигата на шампионите, во 2015 и 2017, но ниту еден тим не успеа да се израдува на трофеј.
Дали Мурињо вечерва ќе успее повторно да дојде до европската титула, останува да видиме, но неговата лична статистика дава оптимизам за такво нешто.
Португалецот досега играл во четири финалиња од европските натпреварувања и нема ниту еден пораз. Со Порто ја освои Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, со Интер триумфираше во Лигата на шампионите, а со Манчестер јунајтед ја освои Лига Европа.
Кога се во прашање европски трофеј, Рома има освоено само Куп на саемски градови во 1961 година, тие 31 година немаа Европско финале.
Конференциската лига можеби е само трето по квалитет Европско натпреварување, но трофејот ќе биде значаен за Италија, за калчото и историски момент за Рома.
Феенорд е потрофеен клуб од Рома, тие во сезоната 1969-70 беа Европски шампиони, а во 1973-74 и 2001-02 го освојуваа Купот на УЕФА.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.