Одредена цената на Левандовски: Баерн нема намера да седне на преговори со Барса за сума помала од 50 милиони

by
1 минути читање

Роберт
Левандовски сака да го напушти Баерн и одби да стави потпис на нов договор,
неговиот агент јасно порача дека е завршена авантурата во Минхен.

Но и „баварците“ во
неколку наврати повторија дека Полјакот ќе треба да си ја одработи последната
година од договорот.

Според пишувањата
на Марка, ставот на Баерн сепак не е толку цврст и тие се подготвени да го продадат
Роберт Левандовски доколку добијат соодветна понуда. Минималната сума која ја
бараат е 50 милиони евра, и немаат намера да седнат на преговори со Барселона доколку понудата на „каталонците“ не ја достигнува оваа бројка.

Марка додава дека
ова е само еден услов за реализирање на трансфер, вториот е Баерн Минхен да
најде соодветна замена.

Дарвин Нуњез од
Бенфика е една опција, но неговата цена е 100 милиони евра, па зделката е
прилично комплексна. Саша Калајџиќ од Штутгарт исто така е на радарот на шампионот
на Германија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×