Баерн реши уште едно прашање и потпиша со Нојер, но останатите две се тешки

by
1 минути читање

„Баварците“ решија уште едно прашање, по Томас Милер, потпис на нов договор стави и Мануел Нојер. Германецот утрово се обврза на соработка до јуни 2024 година.

„Мануел Нојер е најдобриот голман во светот, со години ги поставува стандардите. Среќни сме го продолживме неговиот договор, тој е значајна фигура во историјата на Баерн“ – вели генералниот извршен директор Оливер Кан.

Самиот Мануел Нојер рече: „Задоволен сум што продолжува мојата приказна со Баерн. Повторно ќе имаме добар тим со кој ќе се бориме за сите трофеи. Како голман, капитен и лидер на тимот, сакам да одиграм клучна улога во остварување на нашите големи цели. Сакаме да освоиме нова титула во Бундеслигата, и да атакуваме на трофејот од Купот на Германија и Лигата на шампиони“.

Пред раководството на Баерн Минхен сега се двата потешки случаи, односно Роберт Левандовски и Серж Гнабри. Полјакот веќе порача дека сака да си оди, додека пак Германецот ја одби и последната понуда, но јавно нема кажано какви му се намерите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×